ЗНАЧЕЊЕ НА ПОЧВАТА ЗА ДОБРА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПРАКСА

Почвата е важен дел на животната средина и од гледна точка на производство на храна е од клучно значење за луѓето. Плодност на почвата е способност на истата да на растенијата им обезбеди континуирана оптимална храна, вода, воздух, топлина и услови за вкоренување.

Одделението за агрохемија и исхрана на растенијата,  во склоп на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина на Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, почнува  со работа во 2011 година во нови, соодветно опремени простории, и обезбедува квалитетни услуги со користење на акредитирани методи за анализа на почва и ѓубре, со користење на модерна аналитичка опрема која редовно се проверува  со интерни и екстерни калибрации од страна на надлежни институции, со користење на  референти материјали и стандардни раствори за калибрација со гарантирана следливост , внатрешни референти примероци, континуирана верификација  на нашите методи како и редовни меѓулабораториски споредби ( пр. BIPEA).

Основна дејност на одделението за агрохемија и исхрана на растенијата:

1. Агрохемиска анализа на почвиstrong>

2. Контрола на квалитет на средства за исхрана на растенијата и подобрувачите на својствата на почвата

Агрохемиската анализа на почва е корисна алатка за одредување на плодноста на почвата и барањата на различните култури за прихрана. Редовното земање на почвени проби и нивното испитување во лабораторија може да ги следи промените и ефикасноста на прихраната која се применува.
Од друга страна, контрола на  квалитетот на средства за исхрана на растенијата и подобрувачите на својствата на почвата се врши со цел да се утврди дали квалитативните својства и карактеристики на анализираниот примерок ги исполнуваат стандардите и техничките прописи за квалитет, според Правилникот за ѓубрива (Службен Весник бр. 96 од 2009 година) и соодветниот закони за квалитет на ѓубрива.
Добиените резултати, при анализа на почва, се споредуваат со гранични вредности за содржината на поодделните елементи  во соодветните примероци (кои се практично проверени) и врз основа на тоа се дава соодветно мислење за плодноста на почвата  и препорака за ѓубрење.
За средствата за исхрана на растенијата и подобрувачи на својствата на почвата лабораторијата исто така во склоп на извештајот од анализата, се дава и мислење за квалитетот на ѓубрето во согласност со Правилникот за ѓубрива (Службен Весник бр. 96 од 2009 година) и соодветниот закони за квалитет на ѓубрива.

1. параметри кои се испитуваат при агрохемиска анализа на почвата

- активна и потенцијална(изменувачка) киселост на почвата (pH вредност)

- електрична спроводливост(ЕС)  во почви

- леснодостапни содржини на фосфор и калиум во почва

- Одредување на хумус

- вкупен азот, фосфор и калиум во почви

- Одредување на CaCO3

- минерални форми на азот: NH4 -N и NO3-N

- Одредување на разменливи Ca и Mg

- механички (гранулометриски состав) на почва

- содржина на активна вар во почва

- Екстракција и одредување на достапни форми на микроелементи (В, Mn, Fe, Cu Zn) во почва

 

2. Параметри кои се испитуваат при контрола на квалитет на средства за исхрана на растенијата и подобрувачите на својствата на почвата.

- Во неоргански ѓубрива и подобрувачи на почва

- физички параметри (механички состав, волуменска густина и влага)

- рН вредност

- вкупни форми на примарни макроелементи (фосфор, азот калиум)

- вкупни форми на секундарни макроелементи (калциум, магнезиум, натриум, сулфур)

- вкупни и водорастворливи форми на микроелементи (бор, бакар, цинк, манган, молибден, железо, селен, кобалт)

- водорастворливи форми на сите примарни (фосфор, калиум) и секундарни  (калциум, магнезиум, сулфур) макроелементи.

- други достапни форми на фосфор (р-рлив во лимонска кинселина и во неутрален амониумцитрат)

- сите азотни форми (амониумска, нитратна, карбамидна)

- штетни компоненти (биурет, хлориди, тешки метали)

- Во органски ѓубрива, подобрувачи на почва и супстрати (покрај горе наведените)

- органска материја

- органски јаглерод

- хумински и фулво киселини

- вкупни аминокиселини (во  биостимулатори)

- електрична спроводливост

- органски азот

3. Поважна опрема

- Kjeldhl единица за дигестија - Behr S3

- Kjeldhl единица за дестилација - Behr S3

- Пламен фотометар Janeway PFP 7 50594

- UV/vis.Спектрофотометар BOECO модел Ѕ-26

- сушници;

- апарат за дестилација на вода;

- аналитички ваги

- водено купатило

- рН метар 3510 Jenaway

- калциметар по Scheibler

- грејни тела

- ротациона и вибрациона мешалка

- кондуктометар

- сита од нергосувачки  челик

© 2016 UNILAB. All Rights Reserved | Design by W3layouts